Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво решение на спорот за името, па влез на Македонија во НАТО

Прво решение на спорот за името, па влез на Македонија во НАТО
Прво името потоа во НАТО, нема промена во ставовите за прием на Македонија во оваа институција. За време на вчерашната посета на Атина, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен го повтори познатиот став и ја потврди одлуката од Букурешт по неговата средба со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос. ,,НАТО веќе зазеде многу јасна позиција во 2008-та на НАТО самитот во Букурешт. Изјавивме дека сме подготвени да дадеме покана за пристапни преговори веднаш штом се најде заеднички прифатливо решение за името. За жал од тогаш нема напредок, но одлуката што ја донесовме на самитот во Букурешт се уште важи, па така кога ќе се најде решение, ќе се даде и поканата“, изјави Расмусен за време на вчерашната посета на Атина. Денеска тој имаше средба со грчкиот премиер Антонис Самарас. „НАТО останува стабилен столб на меѓународниот систем за безбедност“, изјави Самарас. На средбата во Атина не станало збор за Македонија, се разговарало за иднината на Северно-атлантската алијанса и тековните регионални и меѓународни настани и процеси. „Грција е една од најстарите членки на НАТО и ќе продолжи и покрај финансискиот притисок врз земјата, активно да учествува во Алијансата“, истакна Самарас.
Слично

Поврзани вести