Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ОТКРИЛЕ ПОЛОВИНА ТОН КОКАИН, ПА НАШЛЕ ЗАКЛАН СРБИН - детали од истрагата на бродот во Џенова го откриваат целиот ужас на овој случај

ПРВО ОТКРИЛЕ ПОЛОВИНА ТОН КОКАИН, ПА НАШЛЕ ЗАКЛАН СРБИН - детали од истрагата на бродот во Џенова го откриваат целиот ужас на овој случај

Веста дека на бродот MSC Adelaide во Џенова е пронајден речиси половина тон кокаин и мртов морнар од Србија со исечен врат ја вознемири јавноста, а тамошните медиуми открија детали од овој хорор.

Според нивното пишување, товарот првпат бил откриен откако забележале дека некој виси околу него во текот на ноќта.

„Пристанишен работник е уапсен на лице место кога истоварил контејнер со 14 вреќи чист кокаин. По апсењето, полицијата се качила на бродот и пронашла заклан маж од Србија“, пишуваат италијанските медиуми.

Тамошните истражители истражуваат дали смртта на Србинот е поврзана со товарот кокаин, а двата случаи во моментов се водат одделно.

„Екипажот на бродот рече дека видел Србин со нож како оди по чамецот, но чудно е што не е пронајден нож покрај неговото тело – велат тие и додаваат: „Истражителите уапсија двајца мажи кои ги нашле на бродот. Се работи за Кулмв Камал и Фабио Папе, потоа еден од нив бил фатен како зема кеси од контејнер поставен во простор за видео надзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра. Инаку, Србинот е заклан и му е пресаечен вратот, но после обдукцијата ќе се знае како тој бил заклан“.

Се истражува целиот случај.

„Истрагата на обвинителот, координирана од заменик-обвинителот Федерико Маноти, продолжува, а во моментов е во тек потрагата по соучесници. Бродот ќе остане закотвен во пристаништето неколку дена, за да се овозможи истрага“, додаваат оттаму.

Да потсетиме, бродот пристигнал од Бразил, а кокаинот бил скриен во делот каде се чувало кафето.

Извор: Блиц.рс

Фото: Џенова Тудеј

Слично

Поврзани вести