Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Прво мислевме дека е кукла, а потоа свативме дека е човечки труп“, леш пронајден во Белград

„Прво мислевме дека е кукла, а потоа свативме дека е човечки труп“, леш пронајден во Белград

Пронајден труп во грмушки во близина на градилиште во главниот град на соседна Србија. Телото во грмушките го пронашол работник од градилиштето, а според неофицијални податоци се претпоставува дека мртвото тело дури два дена „лежело“ во грмушките. 

Телото е најдено во близина на трговски центар во Белград, а како што неофицијално се дознава, најверојатно се работи за бездомник, кој имал околу 60 години, пишува „Телеграф.рс“. 

- Растоварувавме материјал, кога видовме дека нешто излегува од грмушките. Прво мислевме дека е кукла, а потоа видовме дека е машки труп. Веднаш го известивме газдата, а тој повика итна помош и полиција, која веднаш дојде на местото на настанот - ни изјави работникот кој го пронајде телото.

Истрагата е во тек.

Слично

Поврзани вести