Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво крати после дава: Грција вети нови 11 милиони евра за спортот

Прво крати после дава: Грција вети нови 11 милиони евра за спортот

Со цел да го спречи затворањето на дел од спортските федерации, грчката влада најави дека ќе ги преиспита буџетските кратења на пари за спортот, односно ќе оддели нови 11 милиони евра.

Како знак на револт од мерките за штедење, минатиот месец двајцата светските шампиони Никос и Апостолос Гунтулас одлучија да се повлечат од националната репрезентација , жалејќи се дека елитни спортисти веќе не можат да си дозволат да се натпреваруваат за Грција поради кратење на парите.

Инаку со последните мерки, Буџетот за федерациите на олимписките спортови беше намален за 50 проценти од 2010 година досега, а според планот новите скратувања до 80% требаше да стапат во сила 2013  година.

Слично

Поврзани вести