Прво корекција на договорот, потоа изградба на „Јужен тек“ во Бугарија
До крајот на оваа година е можно да почне изведбата на проектот „Јужен тек " во Бугарија, изјави на брифингот за новинари министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев , пренесе бугарски „Фокус". Министерот посочил дека пред да се пристапи кон важните делови како спроведување на јавни набавки, треба да бидат расчистат сите прашања во врска со проектот и активностите да бидат усогласени со Европската комисија (ЕК ) .
„Нема да направиме избрзани чекори пред да стане јасен финансискиот модел и начинот на финансирање на проектот " , изјави министерот Стојнев и ветил дека сите наредни чекори ќе бидат јасни и транспарентни.
Според него, во моментов Владата сеуште го има под контрола доцнењето на изградбата на проектот и се обидува да фати чекор со она што е забавено од претходниот менаџмент.
„Претходната влада соопшти дека „Јужен тек " е проект од национално значење , но потоа ништо не направија. Тоа што опозицијата зборува дека некои работи мора брзо да се направат, можам да одговорам дека подобро ќе беше тие да завршеа нешто досега за ние да не почнуваме се одново " , коментира Стојнев .
Според него, голем дел од Меморандумот за партнерство меѓу Владата на Бугарија и руската страна за изградбата на „Јужен тек не е јасен .
„Не се согласуваме со некои работи како на пример каматната стапка на заемот од 8% , што не е во интерес на бугарската држава " , рече министерот Стојнев . Тој за „Јужен тек " вели дека е еден голем инфраструктурен проект кој ќе овозможи да се зајакне бугарската економија и ќе создаде десетици илјади работни места.
„Овој инвестициски проект во вредност од 3,3 милијарди евра не е правен во Бугарија и само еден таков проект може да даде поттик на бугарската економија ", дополни Драгомир Стојнев .
За нас се добри и „Јужен тек " и проектот „Ниш- Димитровград " , изјави и српскиот министер за енергетика , развојот и заштитата на животната средина Зорана Михајловиќ.
„Србија сега добива гас од само едно место и за нас е од витално значење да има барем уште една рута“ , истакна Михајловиќ која денеска имаше средба со бугарскиот колега.
Слично
