ПРВО ИЗЈАВИЛ ДЕКА ЗА МОМЕНТ ЗАСПАЛ, А СЕГА СЕ БРАНИ СО МОЛЧЕЊЕ: Сослушан возачот на косовскиот автобус во кој загинаа 10 патници
Во окружното
државно обвинителство денеска беше донесен возачот на косовскиот автобус, кој
за време на сослушувањето се бранел со молчење, пренесуваат хрватските медиуми.
Во текот на утрешниот ден се очекува да биде донесена одлука дали Обвинителството ќе му одреди притвор на 52-годишниот косовски државјанин или ќе го ослободи.
Според првичната истрага утврдено е дека автобусот со косовски таблички, не се движел по средината на сообраќајна лента, туку преминал накај тревата, а потоа автобусот се превртел Според зборовите на заменикот на општинското државно обвинителство, Славко Прањиќ, кој вчера спроведе истрага на местото на несреќата кај Славонски Брод, возачот најпрво изјавил дека заспал зад воланот.
– Тој изјави дека заспал за момент, но тоа ќе го утврдиме подоцна, рече Прањиќ.
Инаку, возачот е осомничен за кривично дело од член 227 од Кривичниот законик – предизвикување сообраќајна незгода во сообраќајот на патиштата, пришто му се заканува казна затвор до 15 години.
Во несреќата се повредени уште 45 луѓе, а директорот на општата болница Славонски Брод, Јосип Самарџиќ, потврди дека двајца тешко повредени патници се стабилни, и дека дваесетина лица ќе бидат пуштени дома, нивната состојба сè уште се следи.
