Прво интервју на Јанакиески после оставката: Катица нема никави докази против мене!
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јаникиевски, по речиси една година откако си поднесе оставка на функцијата, денеска го имаше своето прво јавно обраќање за телевизијата „Нова“.
Запрашан за последниот случај„Титаник”,во кој Јанакиески е обвинет за изборна измама, тој тврди дека не сторил никакво кривично дело и дека Специјалното јавно обвинителство „го товари за нешто што не постои”.
„На самата прес-конференција не беа приложени никакви докази, немаше никакви аргументи, ни зошто се поднесува барање за истрага, ниту, пак, барање за притвор. Во самиот конкретен акт што се однесува за мене, немаше ниту еден материјален доказ, ниту, пак, исказ. За жал, сè уште нашите адвокати, нашите бранители ги немаат добиено документите од СЈО. Се надевам дека тоа многу скоро ќе го направат, но она што го предочија е дека воопшто не е доставен ниту еден материјален доказ, а мене ме товарат како шеф на изборен штаб. Такво нешто не постои ниту правно. Значи, не постои таков документ дека јас сум бил шеф на изборен штаб, ниту, пак, во органограмот на ВМРО-ДПМНЕ постои таква функција. Значи ме товарат за нешто што не постои” - вели Јанакиески.
Поранешниот министер смета дека Специјалното јавно обвинителство работи по инструкции на СДСМ.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/03/04/prvo-intervju-na-jankulovska-po-ostavkata-janeva-e-samo-prodolzhena-raka-na-zaev/" target="blank" ]Прво интервју на Јанкуловска по оставката: „Јанева е само продолжена рака на Заев”[/button]
