„Прво ги уништија фабриките. Потоа ја уништија железницата. Следна беше поштата“: Најчевска со посебен осврт на развојот на земјата
Развојот на една држава се состои во постојана надградба на претходното и обнова и одржување на веќе изграденото.
Македонија е црна дупка во која не се надградува над претходното и не се обновува ниту одржува веќе изграденото.
Ова го пишува професорката и општествен критичар Мирјана Најчевска на социјалните мрежи. Потоа ги наброја сите работи кои изминативе години сме ги запуштиле или целосно заборавиле.
- Прво ги уништија фабриките.
Потоа ја уништија железницата.
Следна беше поштата.
Ги уништија државните аптеки и самопослуги.
Ги продадоа енергетските комплекси.
Ги дадоа под концесија рудниците, каменоломите, хидроцентралите.
Го распродадоа општествениот имот и државното земјиште.
Ги уништија одморалиштата, рекреативните и спортските центри.
Ги уништија домовите на културата.
Го уништија јавниот сообраќај.
Ги дадоа под концесија депониите.
Ама многу паметните граѓани кои се во право и кога грешат редовно се дерат ПОБЕДА, ПОБЕДА, ПОБЕДА после секои избори - нагласува Најчевска во својот пост.
