Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИТЕ ЕВАКУИРАНИ БУГАРИ ОД УКРАИНА ПРИСТИГНАА ВО ЗЕМЈАТА - во автобусот имало 60 лица

ПРВИТЕ ЕВАКУИРАНИ БУГАРИ ОД УКРАИНА ПРИСТИГНАА ВО ЗЕМЈАТА - во автобусот имало 60 лица

Во Бугарија пристигнаа првите евакуирани Бугари од Украина. Тие поминаа пасошка контрола на граничниот премин Дуранкулак.

Министерството за надворешни работи посочило дека во автобусот кој тргнал од Одеса патувале вкупно 60 лица, меѓу кои има и украински државјани.

Неколку минути по пристигнувањето во Бугарија, возачот на еден од автобусите рекол дека сите се многу среќни што се во Бугарија.

Меѓу патниците има бугарски државјани, како и етнички Бугари од Украина. Тие им се заблагодариле на бугарските власти.

Денеска почнува евакуацијата на Бугарите од Киев. Четири автобуси ќе ги чекаат бугарските граѓани пред бугарската амбасада во Киев. Тие можат да примат околу 250 луѓе.

Извор и фото: Бгнес

Слично

Поврзани вести