Првиот септемвриски ден носи нестабилно време и дожд
Локален дожд и појава на грмежи во делови од земјава ги разбудија граѓаните.
Првиот септемврски ден не очекува нестабилно време со полокализирани претпладневни врнежи, а попладне нестабилноста ќе се зголемува.
Според прогнозите на метеопро врнежите на локално ниво е можно да бидат од пороен карактер.
Нестабилноста се очекува поизразена да биде во источниот и јужниот регион, а слична појава е можна и во западниот крај попладне.
Што се однесува до температурата таа ќе биде малку пониска во однос на претходните денови, а максималната дневна вредност долж повардарието ќе биде во границите од 29°С до 32°С а низ останатите краишта помеѓу 25°С и 29°С.
Во главниот град, нестабилноста се очекува во текот на попладнето и дел од вечерта.
Процесите кои што се очекуваат ќе бидат во границите „на веќе видена нестабилност“. Температурата нема да ја надмнине вредноста од 30°С.
