Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот остров без коронавирус во Европа се наоѓа во соседството

Првиот остров без коронавирус во Европа се наоѓа во соседството

Во Грција се наоѓа првиот европски остров без коронавирус. 

Островот Кастелоризо кој што уште се нарекува и Мегисти, а кој што припаѓа на Додеканезите, стана првиот европски остров без коронавирусот, пренесува „Euronews“. Островот е сместен во Средоземното море, неколку километри јужно од турското крајбрежје, а таму успешно биле вакцинирани сите 520 жители против ковид-19. Од лани откако почна пандемијата, коронавирусот на островот бил регистриран само кај еден човек. Откако се случило тоа, грчката влада на сите жители им обезбедила по две дози од вакцината „Фајзер“. Островот стана популарен по филмот „Mediterraneo“ oд режисерот Габриел Салваторес кој што бил снимен токму таму, а кој во 1992 година ја доби престижната награда Оскар за најдобар странски филм.

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести