Владата и на Министерството за труд и социјална политика не го почитуваат Законот за минимална плата, тврди Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати – ККС.

„
Точно е дека треба да се покачи минималната плата. Во Македонија некаде околу 110-120 илјади работници примаат минимална плата. Тоа се работниците од трудо-интензивните дејности и работниците во јавниот сектор. Додека во јавната администрација, административните службеници, пред се морам да кажам еден податок за да ви биде појасно како е поставена и која е структурата на вработени во јавниот сектор, на пример околу 130 илјади кои се под буџетот на Република Македонија, отприлика 48 отсто од вработените се со средно образование или пониско образование, тоа значи дека нивната плата според каталогот на работни места, систематизацијата и бодот којшто го одредува Владата е 13.400 за помлад референт, до 16.600 за самостоен референт. Тука помеѓу имаме уште две категории – референт и виш референт. Доаѓаме до една ситуација каде што оваа група на работници станува социјална категорија, затоа што доаѓаме до категорија да добиваат минимална плата. Тука во оваа категорија спаѓа и помошно-техничкиот персонал како хигиеничари, курири, шофери итн. Понатаму во трудо-интензивните дејности има околу 20 илјади работници кои земаат минимална плата, и понатаму во јавните претпријатија, комуналните претпријатија, не зборуваме за Градот Скопје, туку оние што се формирани од општините низ внатрешноста или општините во Скопје, сите тие сезонски работници земаат минимална плата. Проблемот од каде доаѓа? Проблемот доаѓа од непочитувањето на Владата и на Министерството за труд и социјална политика на Законот за минимална плата. Законот предвидува, во членот 2, дека на секој работник основната плата мора да биде минимална, а во членот 8 вели дека доколку се покачи минималната плата треба да се усогласат колективните договори и платите на работниците. Ние излегувавме на улиците и баравме усогласување на платите согласно минималната плата. Ако еден наставник во основно образование, при основна плата со колективен договор додека беше 9.300, неговиот коефициент на сложеност е 2.503 и земал 20 илјади денари плата, сега доаѓаме до ситуација во која минималната плата треба да се поможи со тој коефициент и еден наставник да зема 37 илјади денари плата“, вели меѓу другото вели Ралповски во неделното интервју за Радио слободна Европа.