Поранешниот прв човек на најголемата хрватска компанија „Агрокор“, Ивица Тодориќ, е екстрадиран од Лондон во Загреб и веднаш е затворен во ќелија од двете метри квадратни во затворот Реметинец. Тој се врати со својот приватен авион заедно со хрватски новинари, а беше пречекан од голем број на полициски сили. Пред да полета од Лондон живеел во луксузен стан во елитниот дел од англиската метропола, а за помалку од еден ден, тоа го менува со тесна просторија која најверојатно ќе ја дели со уште еден „цимер“, пишуваат хрватските медиуми.
Тодориж со својата сопруга Весна по финансискиот скандал се обиде да пребегне и да добие азил во Велика Британија, но таму му се судеше и по правосилната одлука англискиот суд реши дека тој треба да биде екстрадиран во Хрватска.
Истрагата против Ивица Тодориќ, неговите синови Иван и Анте и дванаесет менаџери и ревизори на Агрокор почна минатата година поради незаконско стекнување милијарда и 142 милиони куни (околу 150 милиони евра), при што истражен затвор беше одреден само за Ивица Тодориќ.
Засега Тодороиќ останува во истражниот затвор и би можел да биде пуштен да се брани од слобода, но и да остане во притвор поради некое друго обвинение.