Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот авион на Air Serbia се приземји на пистата на „Никола Тесла“

Првиот авион на Air Serbia се приземји на пистата на „Никола Тесла“
Првиот авион Ербас А319 на компанијата Air Serbia слета вчера на белградскиот аеродром Никола Тесла. Авионот на аеродромот го дочекаа бројни новинарски екипи, а слета околу 13 часот во придружба на два авиони на Војската на Србија, Миг 29. Леталото на новооснованата компанија Аir Serbia долета од Дизелдорф каде што беше на фарбање и е првиот авион на авиокомпанијата кој што е изнајмен за нејзинит потреби. Компанијата Air Serbia почнува официјално да работи на 26 октомври, кога е планиран лет за Абу Даби. Формирана е како заедничка компанија на српската влада и националнага авиокомпанија на Обединетите арапски емирати, Етихад, каде што Србија има 51% од акциите. Со тоа практично престана да работи дотогашната српска национална авиокомпанија Јат ервејз.
Слично

Поврзани вести