Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Во оваа земја жените и мажите ќе земаат исти плати

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Во оваа земја жените и мажите ќе земаат исти плати

Исланд најави дека ќе биде првата земја во светот која ќе ги натера работодавачите да обезбедат доказ дека плаќаат еднакво независно од полот, етничката потекло, сексуалноста или националноста, пренесоа американските медиуми.

Владата соопшти дека ќе воведе стандард за еднакво плаќање, со кој сите работодавачи со персонал над 25 лица треба да се осигура дека исплаќаат исти плати за иста работа.

Исланд сака да ја искорени огромната разлика во платите до 2022 година.

Министерот за социјални прашања и рамноправност, Торстејн Виглундсон рече на Меѓународниот ден на жената, дека е време да се направи нешто радикално за тоа прашање.

Во октомври илјади жени во Исланд излегоа од работа во 2:38 часот попладне по локално време, за да протестираат против разликите во платите на мажите и жените за ист труд.

Според пресметките на организациите за заштита на женските права токму по овој час секој ден жените работат бесплатно.

Слично

Поврзани вести