Први сме во Европа по армијата млади невработени
Македонија е лидер во Европа по бројот на млади луѓе кои се без работа.
Нашата земја е прва на листата со земји во Европа каде млади луѓе на возраст од 20 до 34 години се невработени, а не се ни дел од некој образовен процес или обука. Ова се податоците на Евростат за минатата година. Во Македонија оваа категорија опфаќа дури 36,3 отсто, што е повеќе од двојно од просекот на Европската Унија (16,5%).
Во иста група со Македонија се Турција, Србија и Црна Гора.
Еден од шест луѓе (16,5%) на возраст од 20 до 34 години ниту бил вработен ниту бил во образовен или процес на обука во ЕУ во 2018 година. Тоа се околу 15 милиони млади луѓе.
Најмалку млади невработени има во Шведска (8%), потоа следи Холандија (8,4%), Луксембург (9,9%) и Малта (10,1%).
