ПРВИ РЕАКЦИИ – БКК протестира за уништувањето на плочата за Мара Бунева
Бугарскиот културен клуб во Скопје протестира против повторното уништување на спомен плочата за Мара Бунева на Кејот на Вардар. Плочата не издржа ни 5-6 часа, се пожалил претседателот на Бугарскиот културен клуб Лазар Младенов во медиумите во Софија.
„Избезумен сум, не знам што да кажам. Такво злодело, да се направи во денешно време, кога полицијата во Скопје со џипови, со мотори, го чува споменикот на Цар Душан, истовремено да дозволат да се скрши една мала плоча и 3-4 венца, тоа е срамота за државата која тоа го дозволува“, изјавил Младенов за бугарската агенција „Фокус“.
Бугарскиот културен клуб од Скопје беше организатор на вчерашното одбележување на 86-годишнината од датумот кога Бунева извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ по што се самоубила. Во чест на Бунева се одржа панихида и беше поставена новата спомен плоча.
Слично
