Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ОЦЕНКИ: За ВМРО-ДПМНЕ мирни и демократски избори, СДСМ бара и санкции за изборните нерегуларности

ПРВИ ОЦЕНКИ: За ВМРО-ДПМНЕ мирни и демократски избори, СДСМ бара и санкции за изборните нерегуларности
Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, забележана е многу мала техничка неправилност во смисла на одредени недостатоци околу документацијата, но обемот на сето тоа е „во исклучително мали димензии“. „Многу помалку од кога било досега. Во секој случај за нас овие избори се мирни, фер и слободни и демократски“, рече Димовски. Тој одби да го коментира настанот во Шуто Оризари, каде што заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска се пожали дека била нападната од лидерот на Сојузот на Ромите Амди Бајрам. Димовски остави овој случај да го расветлат институциите. Одзивот на првиот круг од претседателските избори е околу 50 проценти, но е проследен и со низа нерегуларности и неправилности, оцени предмалку Оливер Спасовски, шефот на изборниот штаб на СДСМ и на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Тој очекува ДИК и останатите надлежни институции да ги сакционираат сите нарушувања на изборниот процес. „Но она што е најзначајно е дека денеска на изборниот ден, како и изминативе денови се чувствува изразена волја за промени. Граѓаните чувствуваат дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е токму кандидат за претседател кој им дава надеж и тоа вистинска на граѓаните на Македонија. Затоа очекуваме резултатите од изборите да го потврдат ова расположение на граѓаните и масовна поддршка за Стево Пендаровски“, рече Спасовски.   Се очекува пoдоцна во текот на вечерта изборниот штаб на СДСМ и кандидатот Пендаровски да одржи уште една порес-конференција. Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија. Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, забележана е многу мала техничка неправилност во смисла на одредени недостатоци околу документацијата, но обемот на сето тоа е во исклучително мали димензии.

- Многу помалку од кога било досега. Во секој случај за нас овие избори се мирни, фер и слободни и демократски, рече Димовски.

Во однос на настан што се случил во Шуто Оризари, Димовски рече дека не би можеле да го коментира случајот.

- Не би можеле да коментираме затоа што очигледно Радмила Шекеринска вели едно, другите луѓе што биле присутни зборуваат сосема друго.   Институциите да си постапат и да се види што е вистина од тоа што се коментира, изјави Димовски од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести