Економија, финансии, бизнис

Контакт

Први мај е неработен ден!

Први мај е неработен ден!
Министерството за труд и социјална политика информира дека Денот на трудот - 1ви Мај е неработен за сите граѓани, согласно Законот за празниците. Меѓународниот ден на трудот е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тој насекаде во светот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
Слично

Поврзани вести