ПРВИ ДОЗИ ОД СПУТНИК V И ВО БИХ: Руската вакцина и за граѓаните на Република Српска
Првата количина на руска вакцина „Спутник V“ против корона вирусот пристигна денеска во Република Српска, изјави
Душко Перовиќ, шеф на Претставништвото на Република Српска во Москва.
Перовиќ рече дека вториот контингент руски вакцини треба да пристигне во втората половина на февруари.
Шефот на Одделот за комуникации и меѓународна соработка за индиректно оданочување на БиХ, Ратко Ковачевиќ, за РТРС потврди дека вакцините се на аеродромот во Сараево, во комора под температурен режим.
- Имајќи предвид дека станува збор за увоз во итен случај, се уште се чека одлука на Министерството за здравство на Република Српска за да можат вакцините да бидат испратени до Бања Лука - рече Ковачевиќ.
Слично
