Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата жртва на грипот е велешанка

Првата жртва на грипот е велешанка
Шеесет и седумгодишна жена од Велес е првата жртва на грипот оваа сезона, потврдија здравствените власти. Кај неа бил потврден вирус на грип од типот А Х3Н2 и два дена престојувала на Инфективната клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ изјави дека освен ова, пациентката имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест, па грипот кој бил во напредна фаза, предизвикал компликации.

„На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип“, додаде Миленковиќ. Од нив четворица се во потешка состојба. Грипот зема се поголем замав во земјава. Од стартот на сезоната се регистрирани речиси 2000 заболени од грип, од кои голем дел во последните неколку дена.
Слично

Поврзани вести