Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата голема група мигранти вратена од Грција во Турција

Првата голема група мигранти вратена од Грција во Турција

Грчките власти вратија од островот Лезбос во Дикили 55 мигранти, во рамките на договорот меѓу ЕУ и Анкара, соопшти полицијата.

Во групата има 20 Пакистанци, 20 Алжирци, петмина Мароканци, четворица Авганистанци, тројца Бангладешци, по еден човек од Шри Ланка, Иран и Палестина.

Меѓу нив се 37 лица, чии барања за азил биле одбиени во Грција и на втора инстанца.

Ова е првата голема група, вратена во Турција по обидот за преврат од 15 јули. Започнатата политичка чистка во земјата предизвика затегнување на односите меѓу Анкара и Брисел. На 8 септември Грција вратам петмина одбиени кандидати за азил.

Од стапувањето во сила на договорот Анкара-ЕУ на 20-ти март до почетокот на септември, Грција вратила во Турција околу 500 мигранти, поголемиот дел од нив не побарале азил во Грција или ги повлекле молбите. 



Слично

Поврзани вести