Првата фаза од вкстувањето на податоците на ДИК може да започне
Вкрстувањето на податоците како дел од прочистувањето на Избирачкиот список официјално може да почне бидејќи Државната изборна комисија го објави планот за проверки статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологијата за водење и ажурирање на избирачкиот список.
ДИК во изминатите десет дена работела на прием на податоци од вкупно 11 институции заради нивна подготовка за проверка,
Она што произлегува од Планот објавен од ДИК е дека истиот содржи детали за предложената листа на прашања заедно со пребарувањата на податоци кои се препорачува да бидат направени од страна на аналитичарите на податоци, а потоа резултатите од пребарувањата на секој аналитичар ќе бидат споредени и ќе се прави совпаѓање, со што ќе се обезбеди висок степен на доверба во истите.
Засега во планот стои дека спорни случаи можат да се јават лицата што не ги исполнуваат законските услови за да бидат запишани во Избирачкиот список и поради таа причина треба да се провери дали во Избирачкиот список се наоѓаат:
-
граѓани на РМ кои немаат наполнети 18 години,
-
граѓани на РМ кои се починати,
-
граѓани на РМ кои немаат живеалиште во РМ,
-
граѓани на РМ кои немаат важечка лична карта или биометриска патна исправа,
-
граѓани на РМ кои се на привремена работа или престој во странство, а не се обележани со ѕвездичка,
-
граѓани на РМ на кои со правосудна судска одлука им е одземена деловната способност.
Како други проблеми кои можат да се јават при вкрстената проверка на базите се и: познавањето на локацијата на некои избирачки места поради честото менување на имињата на улиците, луѓето не знаат како се ажурира избирачкиот список, бројот на гласачите не го одразува бројот на населението.
Инаку, според новиот датум на изборите, пречистувањето на Избирачкиот список треба да заврши на 17 април, а листа на гласачи треба да се заклучи околу 7 мај.
