Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првата бразда заорана – „Џумајлија“ официјално прејде во рацете на Субрата Рој

Првата бразда заорана – „Џумајлија“ официјално прејде во рацете на Субрата Рој

Со православни и индиски обичаи денеска почна реализацијата на проектот на индиската компанија „Сахара Груп“ за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра. Министерите Димовски и Ставрески заедно со папртнерот од „Сахара Груп“, качени на нови трактори го изораа првото парче од земјиштето што индискиот бизнисмен Субарата Рој го купи од пропаднатиот агрокомбинат „Џумајлија“.

Ветеринари, технолози и агроинженери од Индија, Америка, Саудиска Арабија и Европа кои ќе бидат вклучени во проектот веќе пристигнаа во Македонија.

„Имаше прашања од луѓето во Македонија, на тоа гледам како на добар знак, тоа покажува дека се ментално вклучени во проектот... Би сакал да ги уверам дека го поседуваме капацитетот да изведеме ваков проект и да го направиме успешен... Сигурен сум дека ќе го исполниме ветувањето кон македонските граѓани и кон македонската Влада“ изјави А. П. Синха, Сахара Пјур.

Првите количини млеко на пазарите ќе стигнат за една година. До тогаш треба да биде заокружена една фаза од производствениот процес од ливада до трпеза. Вкупно ќе бидат изградени четири одвоени фарми со 20.000 крави увезени од Холандија, Германија и Америка, како и современа млекарница и фабрика за преработка на добиточна храна. За 36 месеци дневното производство на млеко треба да достигне 80.000 литри, а годишно да се жнеат околу 75.000 тони добиточна храна.

„Со завршување на проектот ќе се обезбеди задоволување на потребите на домашниот пазар со млеко и млечни преработки, преку изградба на новиот капацитет ќе се покријат потребите за сточна храна, а воедно ќе се оствари пласман на овие производи во регионот и пошироко“ рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

„Најголема инвестиција во македонското земјоделство во последните 25 години. Оваа инвестиција ќе претставува препород за регионот на Лозово и Свети Николе, но и на цело Овче Поле, директно ќе бидат креирани 2.000 работни места“ рече Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.

Според договорот склучен со Министерството за земјоделство, за земјиштето Сахара на државата во наредните 15 години ќе и плаќа закупнина од 121.000 евра годишно.

Пред да пропадне агрокомбинатот „Џумајлија“ располагаше со 6.000 хектари ниви и 6.000 хектари пасишта.

Идискиот бизнисмен Субрата Рој, освен во земјоделство најави милионска инвестиција со изградба на хотелски комплекси во Охрид.

Слично

Поврзани вести