Прванов на средба со Борисов побара дополнување на договорот за добрососедство со Македонија
Георги Прванов, лидерот на партијата АБВ, денеска беше примен на средба кај бугарскиот премиер Бојко Бориусов на која побарал дополнување на договорот за добрососедство соп Македонија.
Средбата била побарана од раководството на АБВ и специјално организирана заради разгледување на односите со Македонија, а како што истакна тој, да се дефинираат условите околу „заедничката историја“ и Илинденското востание, јавуваат бугарските медиуми.
- Мора да предвидиме и мерки за можен негативен развој, иако позитивно го оценуваме договорот. Минатата година македонскиот премиер Зоран Заев заборави да ги спомене Бугарите како учесници во Илиндеснкото востание. Нашата позиција е дека тоа востание е бугарско, има стотици документи, Откако Скопје се откажа од антиквизацијата, сега не треба да посегнува по бугарската историја. Потребен е нов документ со кој ќе се дефинира заедничката историја. Треба да има текст во кој ќе гласи дека „имаме заедничлка средновековна историја и историја која датира во првите децении од 20 век и дека во двата реона имало жотели со бугарска национална свест“ - рече Прванов за бугарските медиуми.
Претходно Румен Петко, член на раководствот на АБВ, кажа дека партијата се согласува со името „Северна Македонија“, но неприфатлив ставот на македонско-бугарската комисија за спроведување на историскиот дел од договорот за добрососедство да се смета дека „заедничката историја“ е само во периодот на османското владеење а не и потоа.
