Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВА ЖРТВА меѓу имигрантите во новата година е двегодишно девојче

ПРВА ЖРТВА меѓу имигрантите во новата година е двегодишно девојче

Двегодишно девојче, кое се удавило вчера во близина на грчкиот остров Агатониси, е првата жртва помеѓу мигрантите за оваа година, соопшти „Франс прес“, повикувајќи се на соопштение од крајбрежната стража.

Детето и уште 39 мигранти пловеле во преоптоварен гумен чамец кој се удрил во карпите крај островот и се превртел. Сите патници освен детето се спасени, а 10 од нив се хоспитализирани со хипотермија. Бродот тргнала од Турција во ветровито време.

Помеѓу спасените е и мајката на детето. Преживеаните се префрлени на островот Самос. Засега не е позната националноста на мигрантите.

И покрај студеното време и разбрануваното море голем број мигранти тргнуваат од Турција по Егејското Море со надеж да стигнат до Грција.

Во 2015 година во Европа пристигнаа близу милион мигранти и бегалци.

Слично

Поврзани вести