ПРВА СТРАНСКА БАНКА ВО ТРГУВАЊЕТО СО ФЈУЧЕРСИ НА ДРЖАВНИ ОБВРЗНИЦИ ВО КИНА - Standard Chartered ја објави трансакцијата, се повеќе се отвора кинескиот пазар
Посетителите го разгледуваат изложбениот штанд на Standard Chartered за време на изложбата во Шангај
Се отвора кинескиот пазар на фјучерси за државни обврзници, што е уште еден доказ за се поголемото отворање на кинеската економија за странските инвеститори.
Standard Chartered Bank (China) Limited во средата објави дека, со дозвола од релевантните регулаторни органи, банката ја завршила својата прва фјучерс трансакција со државни обврзници преку сметки отворени во фјучерс компанија. Така, таа стана првата странска банка која учествуваше во тргувањето со фјучерси на државни обврзници во Кина.
Откако беше лансиран Northbound Bond Connect, интернационализацијата на кинескиот пазар на обврзници значително се зголеми, а процентот на кинески обврзници што ги поседуваат странските инвеститори, исто така, значително се зголеми.
Отворањето на кинескиот пазар за фјучерси на државни обврзници дополнително ќе ја подобри кривата на референтната каматна стапка на државните обврзници, ќе им овозможи на домашните и на странските инвеститори подобро учество на домашниот пазар на обврзници, а и ќе го промовира континуираното отворање на кинескиот пазар на обврзници и нивната интернационализација, нагласуваат од Standard Chartered China.
„Како клучен двигател на растот на глобалната економија, Кина ќе обезбеди континуирани и огромни можности за инвестирање за глобалните инвеститори“, рече Бенџамин Хунг, главен извршен директор за Азија во Standard Chartered.
„Со сè помазни канали за странски инвестиции во Кина и посеопфатни алатки за управување со ризик достапни за глобалните инвеститори, веруваме дека длабочината и широчината на учеството на глобалните инвеститори на кинескиот пазар на капитал ќе продолжат да се зголемуваат. Глобалните инвеститори ќе имаат корист од сè поголемата отвореност на кинескиот пазар, преку разновидна распределба на кинески средства“, рече Хунг.
Џери Џанг, извршен потпретседател и главен извршен директор на Standard Chartered China, рече: „Непоколебливите напори на Кина кон проширување на своето отворање, особено континуираното отворање на финансиските пазари на висок стандард, обезбедува огромни можности за Standard Chartered и на домашниот и на меѓународниот пазар“.
Standard Chartered China ќе продолжи да ги поддржува глобалните инвеститори кои сакаат да учествуваат на пазарот на капитал во Кина и дополнително да ја зајакнува функцијата за откривање цена, како и нејзината способност да и служи на реалната економија, рече Џанг.
Во февруари 2022 година, Standard Chartered Group објави дека ќе инвестира 300 милиони долари во бизниси поврзани со Кина во текот на следните три години за да им помогне на клиентите на Standard Chartered да ги искористат можностите за развој што ги носи континуираното отворање на Кина и да го удвојат релевантниот придонес во профитот до крајот на 2024 година.
