Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва средба на комисијатата за нередите на 24 декември

Прва средба на комисијатата за нередите на 24 декември
За утре е закажана прва средба на ад-хок комисијата за случувањата на 24 декември, а според најавите домаќин ќе биде претседателот Ѓорге Иванов. Притоа на иста маса ќе седнат претседателот на Комисијата Борче Давитковски, универзитетските професори Рената Дескоска и Љубомир Фрчкоски предложени од СДСМ, и пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Според првичните сознанија, не се очекува суштинска расправа, туку да бидат утврдени процедурите по кои ќе работи Комисијата и местото каде што ќе заседава. За максимум  два месеца треба да биде готов извештајот со заклучоците за 24 декември. Инаку формирањето на Комисијата, е  дел од политичкиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со посредсто на еврокомесарот Штефан Филе и европратеникот Ричард Ховит. ЕК очекува Комисијата да работи експресно и заклучоците и наодите да бидат обелоденети во блиска иднина.Претседателот Иванов, пак, оцени дека со формирањето на Комисијата е исполнета една преземена обврска од Пролетниот извештај на ЕК за Македонија.
Слично

Поврзани вести