Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВА ОДЛУКА НА НОВАТА ВЛАДА: Отпис на долгови!

ПРВА ОДЛУКА НА НОВАТА ВЛАДА: Отпис на долгови!
Ќе се отпишуваат долговите на социјално ранливите групи граѓани - ова е првата мерка што ја усвои новата Влада, која практично од денеска стапи на должност. Оваа мерка се носи како одговор на државата на последиците од светската и европската економска криза, нагласи премиерот Никола Груевски, според кого обврска на Република Македонија како социјална држава е да им помогне на најранливите категории граѓани. Законот, кој ја помина владината и ќе биде доставен во собраниска процеура, предвидува отпишување на долговите на најранливата категорија граѓани - корисници на социјална помош, корисници на постојана парична помош, невработени лица кои бараат работа подолго од 12 месеци, лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или поради инвалидитет. Невработените и лицата изложени на социјален ризик можат да го остварат правото на отпис на долговите под услов во 2013 година заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600 денари, колку што изнесува годишниот износ на минималната плата, како и да не поседуваат друг имот, освен станбениот објект во кој живеат. „Владата на првата седница како приоритетен проект го донесе зконот за еднократно отпишување на дел од долговите на граѓаните. Оваа мерка се носи само еднократно, нема да се повтори, а причината за нејзината реализација е одговор на државата кон последиците од европската и светската економска криза“, рече Груевски. Предмет на отпис на достасани долгови настанати заклучно со 31-ви декември 2013 година се долго за искористена електрична енергија кон ЕВН, долг за искористена топлинска енергија, долг по основа на кредитни картички, пречекорување на трансакциски сметки и потрошувачки кредити коишто не се обезбедени со движен или недвижен имот, како и долг за радиодифузна такса кон МРТВ. Отпишувањето на долгот ќе биде врз доброволна основа - Министерството за финансии најпрвин ќе објави јавен повик до компаниите-доверители за склучување на договор за еднократно отпишување на долгот, а потоа ќе ги повика должниците да достават барање за отпис на долгови. За оваа мерка, Владата има намера да одвои неколку милиони евра, но засега нема прецизна сума. Според проценките, со мерката треба да бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани.
Слично

Поврзани вести