Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва одлука на ад хок телото – прекршочна „заработи“ МРТ

Прва одлука на ад хок телото – прекршочна „заработи“ МРТ

Ад хок телото за мониторинг на медиумите во предизборието поднесе предлог за изрекување прекршочна казна за Првиот програмски сервис на Македонската радиотелевизија (МРТ 1), поради емитување владини реклами.

Прекршувањето е направено со тоа што на програмата на МРТ 1, во периодот од 2 до 5 септември годинава, спротивно на член 75-д став 4 од Изборниот законик, се емитувани реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија“- пишува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ова е прва одлука на ад хок телото за следење на  медиуми. Телото неодамна се комплетираше со четири члена од кои два се предлог на ВМРО-ДПМНЕ и два на СДСМ, а последниот член е Албанец.

Слично

Поврзани вести