Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва нуклеарна централа се гради во Турција!

Прва нуклеарна централа се гради во Турција!
Рускиот претседател Владимир Путин по денешната средба со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека Русија целосно ќе ја финансира првата нуклеарна централа во Турција. Двајцата државници изјавија дека разговарале за имплементација на проектот за турска нуклеарна централа, која треба да се гради со помош на Русија. Првичниот капитал за нуклеарката ќе го вложи руската агенција за нуклеарна енергија, и тоа 750 милиони долари. Руската државна компанија „Росатом“ ќе ја гради нуклеарната централа во Акују, вредна 22 милијарди долари, а централата треба да биде изградена до 2022 година. Путин истакна дека на средбата со Ердоган разговарале за трговската  соработка меѓу двете земји, за соработка во енергетскиот сектор, како и за состојбите во Сирија.
Слично

Поврзани вести