Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прва годишна конференција на МФ - Се очекува економско опоравување и развој по ковид

Прва годишна конференција на МФ -  Се очекува економско опоравување и развој по ковид

Економскиот форум е Прва годишна конференција на Министерството за финансии. Се зборуваше за економско опоравување и развој по коронавирусот. 

Креаторите на политиките, претставниците на меѓународните институции, на граѓанското општество, академици, експерти, деловната заедница, како и сите засегнати страни кои можат да делуваат  кон подобрување на политичкиот дијалог за економски и финансиски теми од национален и регионален интерес ги собра на едно место првата Годишна конференција на Министерството за финансии која се одржува денеска и утре во Скопје.

Конференцијата, која има за цел да прерасне во форум за размена на идеи, ја отворија премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Оваа дебата треба да прерасне во една арена за дебата за реформите во економијата. Ова е нова иницијатива на Министерството за финансии со цел да се олесни и да се овозможи дебата за најважните теми за Република Северна Македонија и Југоисточна Европа“,  рече  Бесими.

Според министерот она што ја прави конференцијата  единствена и специфична е што доаѓа во едно време на пандемија, најголема здравствена и економска криза на овој век, во која како човештво се соочивме со доста големи загуби, загубивме животи, загубивме доста блиски луѓе, некои загубија блиски роднини, пријатели, колеги, други пак ги загубија работните места, поранливите категории се соочија со поголеми потешкотии, многу дејности се затворија.

„Тука сме денес да кажеме дека нема да не победи ковидот. Ние сме дел од една глобална алијанса за борба против ковидот и денес тука ќе зборуваме за опоравуање и не само за тоа, туку и за повеќе од опоравување, ќе зборуваме за раст, развој, подобар, забрзан развој, зелен развој“, истакна министерот за финансии.

Потсети дека минатата година се соочивме со најголем пад на БДП во споредба со изминатите  три децении. -Предвидовме, рече,  пад од 4,5 проценти на БДП во 2020 година и според нашите пресметки тоа ќе беше и поголем, но успеавме да го олесниме да го намалиме да не стане тоа 8,7 проценти. Потрошивме 11 проценти од БДП како фискално олеснување  за да се поддржи економијата, здравствениот сектор, да се заштитат работните места и да се помогне на економијата да се опорави. Имаше мерки за ранливите категории, да се зaчуваат работните мста, да се помогне на бизнисите да ја преживеат кризата. Делувавме на страната на понудата и  потрошувачката. И продолжуваме во 2021 година со два дополнителни пакета кои се таргетирани и се повеќе со развојна компонента, вклученост на инвестиции и зголемувње на бројот на вработени со цел опоравувањето да прерасен во развој, рече министерот Бесими на Првата годишна конференција на Министерството за финансии.

Потенцира дека нашиот одговор преку политики да се заштитат животите и да се спаси економијата значеше фискален притисок и долг, но дека сме одлучни да се фокусираме на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, согласно фискалните правила на 3 проценти, односно 60 отсто од БДП.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање потенцирајќи дека националната економија е стабилна и ќе расте соопшти дека после една година, според денешните официјални статистички податоци можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe.

„Во вториот квартал од годинава согласно статистика регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Во првата половина од годината ќе биде 5,6 проценти.  За годинава проектираме раст од 4,1 отсто, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 отсто“, рече премиерот Заев.

Потенцира дека остануваме посветени на подигнување на стандардот и условите за живот во Северна Македонија. Најави дека владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови заидниот среднорочен развојна државата. 

Основна цел на Планот е да го финансира закрепнувањетона економија од Ковид-19, како и да поддржи забрзан одржлив раст, приедновремено одржување на фискална стабилност преку мобилизирање на капитал одприватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата. Планотдава комплетна слика околу пристапот, односно создавање на законски можностиза спроведување на истото.

Учесниците на конференцијата во шесте панели, кои ќе се одржат денеска и утре имаат единствена можност да дискутираат за создавање макроекономски политики, јавни финансии, стурктурни реформи, мобилизација на приватен капитал, подобрување на регионалната соработка.

Идејата за организирање на оваа меѓународна конференција произлезе од заложбата на Министерството за финансии како институција за промовирање и спроведување инклузивен дијалог со социјалните актери. Оваа конференција треба да ги постави темелите и во иднина да прерасне во конференција со традиција и силно влијание во регионот и во Европа.

Слично

Поврзани вести