Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв работен ден во Македонија за евроамбасадорот Жбогар

Прв работен ден во Македонија за евроамбасадорот Жбогар

Евроамбасадорот Самуел Жбогар започнува со работа во земјава.

Тој денеска на официјалниот Твитер-профил на Делегацијата на ЕУ во Скопје објави фотографија од својот прв работен ден во Македонија.

[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/AmbassadorEU/status/771256168438046720[/embed]

Жбогар доаѓа на местото на досегашниот евроамбасадор Аиво Орав, кој сега ќе ја предводи мисијата на ЕУ во Црна Гора. Словенечкиот дипломат, кој претходно беше евроамбасадор во Косово важи за добар познавач на состојбите во регионот. Во својата 22-годишна дипломатска кариера бил вклучен во сите поголеми политички проекти на словенечката надворешна политика.

Роден е во 1962 година. Освен специјален претставник на Европската унија на Косово, од 2008 до 2012 година беше министер за надворешни работи на Словенија. Претходно, од 2004 година беше словенечки амбасадор во Соединетите држави.

Слично

Поврзани вести