ПРВ ПОТПИС ОД МИНОВСКИ: Владата најави 12,6, бараше 14,6 а се задолжи 9,3 милиони евра
Помалку од бараната сума Владата денеска се задолжи домашните кредитори.
Новиот министер за финансии Кирил Миновски го потпиша првото задолжување а министерството со кое раководи не успеа да ја добие бараната сума па наместо првичните најавени 12,6 милиони евра, побара 14,6 но домашните инвеститори не покажаа голем интерес и купија записи и обврзници за 9,3 милиони евра.
Министерството за финансии неделава по основ на доспеани државни хартии од вредност за враќање во стопанството ќе се вратат 2,075 милијарди денари или 33,75 милиони евра.
Со реакција за денешното задолжување на граѓаните се јави опозициската партија која вели дека „граѓаните и банките почнаа да ги препознаваат матните политики на власта на Груевски и соработниците“.
Од партијата на Заев прашуваат дали гувернерот Богов и НБРМ се соучесници во незаконско задолжување?
