Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв пат македонски политичар во Мрежата за известување за организиран криминал и корупција

Прв пат македонски политичар во Мрежата за известување за организиран криминал и корупција

Премиерот на Македонија, Никола Груевски го освои високото трето место вo изборот за личност на годината, заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество. Изборот го организираше Мрежата за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP).

Во оваа мрежа учествуваат новинари од повеќе од 30 држава, кои вакви рангирања прават уште од 2006 година.

Ова е прв пат на листата да се најде македонски политичар и тоа во првите три места.

„На второто и на третот место се наоѓаат жената и децата на претседателот од Азербејџан Илхам Алиев и македонскиот премиер Никола Груевски. Роднините на азербејџанскиот претседател поседуваат голем удел во економијата и ја ограбуваат државата на сметка на сопственото богатење. Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривиње убиства" стои во соопштението на OCCRP за овогодинешниот избор.

 Победник оваа година е црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а уредникот на OCCRP, Дру Саливан, вели дека трката била тесна, но победникот си ја заслужил наградата.

Слично

Поврзани вести