Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прв контролен центар на автопатите во Македонија: 17 вработени, 64 камери, индикатори....

Прв контролен центар на автопатите во Македонија: 17 вработени, 64 камери, индикатори....

Безбедноста на сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица и на двата тунела, што се пуштаат денеска во употреба ќе се следи преку Контролниот центар кај Неготино. Со 24-часовен видео надзор се покриени тунелите на автопатот преку кои до возачите ќе стасуваат предупредувања во случај на сообраќајки, дефекти во системот, евентуално затворање на сообраќајот…

Во двата тунела се инсталирани 64 камери. Центарот обединува четири посебни системи преку кои меѓу останатото на возачите ќе им стасуваат потребните известувања со автоматско вклучување преку фреквенцијата на радијата во автомобилите. Ќе се мери брзината на движење, густината на сообраќајот, издувните гасови…

Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба. Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари. Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија.

Ова е прв Контролен центар на автопатите во Македонија


Слично

Поврзани вести