Пругата кон Бугарија сепак ќе се гради во 2021
Владата не се откажува од изградбата на пруга кон Бугарија.
Повеќе од половина милијарда евра ќе чини пругата кон источниот сосед. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека оваа сума не е голема затоа што се работи за важен проект за двете земји.
„За првите две фази сакаме да распишеме еден тендер и притоа да избереме изведувач. Посакуваме тоа да биде силен изведувач којшто ќе може да се зафати и да ги работи овие работи. Се работи за комплексна пруга. Само за втората и третата делница треба да бидат изградени 91 мост и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунелот. Се работи за сериозен проект од околу 600 милиони евра коишто треба да бидат наш приоритет и во наредниот период, пред се, и за развојот на добрососедските односи и за развој на инфраструктурата“, наведе Бочварски.
Засега пругата до Бугарија е стопирана затоа што фирмата изведувач се откажа од проектот.
