ПРУГА КОН ГРЦИЈА: Државата наплати милион евра, домашните компании останаа со прстот во уста!
За стопираната изградба на пругата Битола –Кременица, државата од бугарскиот конзорциум ја наплатила банкарска гаранција од околу еден милион евра. На конзорциумот од Бугарија му останале 3,3 милиони евра, но домашните компании што бугарскиот конзорциум ги ангажираше да работат како подизведувачи, останаа без пари за сработеното.
Министерството за финансии наплатило банкарска гаранција во износ од 902,6 илјади евра од бугарскиот конзорциум што требаше да ја изгради пругата Битола –Кременица, но поради непочитување на обврските договорот е раскинат.
„Заклучно со октомври 2016 година за договорот за градежни работи за доизградба на пругата Битола - Кременица исплатени се ИПА средства во износ од 4,2 милиони евра, при што со активирање на авансната банкарска гаранција, министерството за финансии поврати 902,6 илјади евра. Со тоа нето износот на исплатени средства изнесува 3,3 милиони евра“, одговораат на Министерството за финансии, на нашато Барање за пристап до информации од јавен карактер.
Иако, во Информацијата што Министерството за финансии ја испратило до Владата е наведено дека на бугарскиот конозрцум му се исплатени близу пет милиони евра, сепак доколку се следат овие бројки што официјално ни ги достави Министерството за финансии, излегува дека откако државата ја наплатила банкарската гаранција, на контото на бугарскиот конзорциум остануваат 3,3 милиони евра.
Но, без пари останаа домашните компании, кои бугарскиот конзорциум ги ангажираше да работат како подизведувачи. Токму дел од домашните подизведувачи, кои останаа без пари за сработеното се сомневаат дека дел од бугарските компании што им останаа должници , веќе отвориле стечајна постапка. Со тоа, домашните подизведувачи стравуваат дека нема да може да си наплатат за она што го сработеле на терен. Владата пак претходно им кажа дека нема никаква обврска кон нив, затоа што таквите договори не биле потпишани со согласност од владата, па затоа им порачаа правдата да си ја бараат на суд, согласно потпишаните договори со фирмите од бугарскиот конзорциум.
Но, ниту во министерството за финансии не знаат дали некоја од компаниите која го сочинуваше бугарскиот конзорцим е во стечај.
„Министерството за финансии нема информации за статусот на поединечните фирми кои го сочинуваат конзорциумот.“, одговараат од Миинистерството за финансии на нашето Барање за пристап до информации од јавен карактер.
Министерството за финансии информира дека договорот е раскинат затоа што не се испочитувани одредите. Но, според информациите на Фактор, бугарскиот конзорциум не се согласувал со едностраното раскинување на договорот и возвратил дека доколку одлуката не биде сменета тогаш ќе бара за тоа да одлучува меѓународен арбитражен суд во Париз.
Стопирани се ИПА средствата, се бараат пари од буџетот за да се доврши пругата
Пругата Битола - Кременица се градеше со пари од ИПА Фондовите за што беа наменети 20 милиони евра, но сега според информациите на Фактор најверојатно тие пари се стопирани исе бараат буџетски пари за да може да се заврши изгрдбата на пругата.
„Доколку проектот со новиот изведувач прдолжи со реализација во 2018 година, останатите средства за исплата треба да се предвидат во Буџетот на РМ за целосно завршување на проектот,“стои во дописот што министерството за финансии го испратило до Владата.
Сосема спротивно на ваквиот допис испратен до Влладата, во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека пругата ќе се гради со пари од ИПА фондови. Но, исто така е наведено и дека рокот на завршување е декември 2017 година, иако е веќе јасно дека тоа е тешко оствраливо сценарио, бидејќи тендерот за избор на нов изведувач планирано е да се објави во април следната година. Тоа повторно е изборна година, што може д ја одлговлечи постапката. Но, и ако почне да се гради следната година, многу е малку вероатно дека ќе се заврши на крајот на истата, бидејќи досега за нешто помаку од две години беа изградени само 25 отсто од работите на пругата. Инаку, Битола –Кременица требаше да биде готова во јули годинава.
С.Н.