Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОВОКАЦИЈА: „Срби на врби“ e испишано на српскиот конзулат во Пловдив

ПРОВОКАЦИЈА: „Срби на врби“ e испишано на српскиот конзулат во Пловдив

„Срби на врби“ e испишано на српскиот конзулат во Пловдив, за што Белград остро реагира. 

Министерството за надворешни работи на Србија ги повика бугарските власти „што побрзо да реагираат и да го пронајдат виновникот“. 

„Тоа е извик под кој беа извршени најмонструозните масовни злосторства против српскиот народ во Втората светска војна на територијата на поранешното нацистичко создавање на Независна држава Хрватска, и кое беше шовинистичко мото при протерувањето на српското население од Република Хрватска во т.н. операции „Блесок“ и „Бура “, потсетува Министерството во соопштението.

Министерството изрази уверување дека провокацијата не потекнува од граѓаните на Бугарија, затоа што како што наведоа двете земји и народи воспоставија високо ниво на доверба и пријателски односи. 

Србија очекува брза реакција и пронаоѓање на сторителот.

Но, лани српскиот политичар Ивица Давиќ и екс бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов се конфронтираа околу бугарското малцинство во Србија. Каракачанов рече дека Бугарите не биле задоволни од Србија. 

Слично

Поврзани вести