Проверките на спорните гласачи при крај – рокот истекува
Денеска завршува рокот во кој Државната изборна комисија (ДИК) требаше да направи дополнителни проверки на спорните гласачи.
Претходно, на 19 август заврши рокот во кој тие имаа можност сами да се пријават во ДИК.
ДИК на седница одржана на 23 август го разгледа и едногласно гo усвои Извештајот за пријавените гласачи со спорни записи. До ДИК од 26 јули до 19 август пристигнале 8.922 пријави, од кои 8.901 пријава е прифатена. Вкупно 3.620 пријави биле лично доставени до ДИК, а 5.302 се поднесени преку електронска апликација. Правната служба на ДИК одбила 21 пријава. Од нив една пријава е одбиена поради нечитлив документ, девет поради несовпаѓање на документ, девет поради неважечки личен документ и две поради некомплетен личен документ. До ДИК пријава не поднеле вкупно 30.467 лица. Според писмено известување од Управата за водење матични книги од 22 август 2016 година 20 лица од списокот се починати заклучно со 19 август 2016 година. Можност за пријавување имаа вкупно 39.389 лица. Избирачите кои не се пријавиле во законскиот рок од 25 дена, ќе имаат втора шанса да се пријават до ДИК за време на јавниот увид пред предвремените избори.
Слично
