Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИЕ СТЕ НА НЕГО: Објавен списокот на ДИК со спорни гласачи

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИЕ СТЕ НА НЕГО: Објавен списокот на ДИК со спорни гласачи

Како што најавија , од Државната изборна комисија денеска го објавија списокот со спорни гласачи.

Списокот е достапен на страната на Комисијата и до него пристап има секое лице.

Како што може да се забележи објавени se податоци како имиња, презимиња, датум на раѓање, место на живеење, како и општината во која се наоѓа населеното место.

Сите оние лица кои ќе се прочитаат на оваа листа имаат можност повторно да бидат запишани во Избирачкиот список а се што треба е да се пријават до ДИК и на тој начин ќе го доказат идентитетот.

Доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.  Станува збор за околу 39.502 гласачи.

Државната комисија ќе подготви упатства, формулар за пријавување и ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.

Да потсетиме дека пратениците пред неколку дена со 92 гласа „за“,  три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик.

Слично

Поврзани вести