ПРОТОКОТ НА ГАС КОН ИСТОЧНА ЕВРОПА ПРЕКУ ГАСОВОДОТ ЈАМАЛ Е НА НУЛА: Што покажаа податоците на германскиот оператор?
Протокот на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Германија до
Полска денеска падна на нула, покажуваат податоците на Gascade, германскиот
оператор на гасоводот, додека испораките на руски гас за Европа преку Украина
останаа стабилни. Излезното количество
на гас низ гасоводот Jамал на мерната кота Малинов на германската
граница утрово во 6:00 часот по средноевропско време се произведени нула
киловат-часови (kWh) на час, во споредба со 648.230 kWh/h во 5:00 часот, покажуваат податоците на Gascade,
пренесува Reuters.
Номинациите за испорака на руски гас за Словачка преку Украина преку граничната мерна станица Велка Капушани изнесуваат 36,7 милиони кубни метри, што е мала промена во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на украинскиот преносен систем.
Рускиот производител на гас „Гаспром“ соопшти дека денеска преку Украина ќе испорача 42 милиони кубни метри гас во Европа, наспроти 42,4 милиони кубни метри дневно во неделата.
Протокот на гас низ гасоводот Северен тек 1, кој минува преку Балтичкото Море од Русија до Германија, остана на нула.
Гасоводот беше затворен на 31 август поради, како што беше најавено тогаш, тридневен ремонт, но и по тој датум не беше пуштен во употреба, а Москва ги обвини западните санкции и техничките прашања за ситуацијата.
Русија соопшти дека не е во можност да го рестартира гасоводот, кој оттогаш е оштетен во експлозии за кои постои сомневање дека е чин на саботажа.
ФОТО: EPA/ROBERT GHEMENT