Протестот заврши, запалени беа слики на Иванов и Груевски
Пред Владата протестот заврши, а вечерва беа обоени, но и запалени сликите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот, Ѓорѓе Иванов.
Вечерва различно од претходните денови беше тоа што демонстрантите положија цвеќе пред споменикот на Никола Карев. Барањата остануваат исти, односно се бара аболицијата да биде повлечена, Иванов да поднесе оставка, да се одложат изборите, да се формира експертска влада. Протестите секоја вечер почнуваат во 18 часот од пред СЈО, институција на која демонстрантите даваат поддршка.
„Протестирам“ oсвен во Скопје, имаа протести и во Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш и Струмица.
Слично
