Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестот прекинат, од попладне возовите ќе сообраќаат

Протестот прекинат, од попладне возовите ќе сообраќаат

Товарниот железнички сообраќај во Македонија треба да профункционира попладне во 16 часот, а од утре и патничкиот.

Се прекинува двонеделниот протест на вработените. Ова го изјави претставникот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт, Душко Чакароски по денешната средба со в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски. 

Платата за јануари ќе ја добијат следната недела. Февруарската плата ќе ја добијат до крајот на месецов, а од април ќе почне редовна исплата на платите.

Протестот започна пред две седмици, поради тоа што менаџментот доцнеше два месеца со неисплатени плати. Во меѓувреме, оставка даде поранешниот директор Никола Костов, а за нов директор назначен е Игор Коруновски.

Вработените во МЖ Транспорт го прекинуваат протестот откако добија ветување дека платите ќе се исплаќаат редовно.

Слично

Поврзани вести