Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестот пред Собрание заврши – Во 19 часот симболично ќе се „погребува“ образованието

Протестот пред Собрание заврши – Во 19 часот симболично ќе се „погребува“ образованието
Студентскиот пленум го заврши мирниот протест пред Собранието на Република Македонија, а демонстрантите полека се разотидоа. Професорскиот пленум упати повик до граѓаните и студентите да им се приклучат вечер во 19 часот „за да го погребаат местото на злосторството“, мислејќи на парламентот, каде симболично со свеќи во раката ќе го погребаат високото образование. Законските измени, нагласија од Студентскиот пленум, се ништо друго освен убивање на автономијата и на демократијата. Тие истакнаа дека ќе ги употребат сите демократски методи за да се изборат и да го поразат предлогот на Владата. Пред Собрание помеѓу Пленумци излезе и пратеничката Солза Грчева која рече дека жестоко се противи на измените во образованието. Според неа постојат две варијатни. Едната е да се изгласа законот, а како тргнал процесот, вели таа, ќе се изгласа, а другата е да се влечи до вечер. Во меѓувреме започна седницата на чиј дневен ред е гласањето на измените во Законот за високо образование којпред пратениците е во финална фаза.  
Слично

Поврзани вести