Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестот на вработените од АД Пошта во мирување, ќе има плата до 28-ми

Протестот на вработените од АД Пошта во мирување, ќе има плата до 28-ми

Исплатата на плата за месец септември на вработените во АД Пошта ќе биде извршена најдоцна до петок, 28 октомври, а платите за наредните месеци да бидат исплатени во законски предвидениот рок, договорено е на средбата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации. Со тоа протестот започнат од вработените е ставен во мирување.

Министерството за транспорт и врски по средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти за да му се помогне финансиски на претпријатието.

Се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно препораките на Владата.

Управниот одбор на АД Пошти на Република Северна Македонија ќе започне со изготвување на нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените, процес што ќе трае до 31 декември.



Слично

Поврзани вести