Протестните денови и ноќи во Македонија се враќаат
Во земјава започна и политичка борба за тоа дали е правно издржана одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за запирање на сите судски прогон против политичари по скандалот со масовно прислушување .
Група пратеници од опозицискиот Социјалдемократски сојуз уште вчера поднесоа барање за оставка на претседателот Иванов. Кон нив се приклучија и пратеници од коалициониот партнер на владејачката патија - Демократската унија за интеграција на Али Ахмети.
Меѓутоа, јасно е дека гласовите и на двете политички партии нема да стигнат за т.н.. импичмент на претседателот Иванов. Покрај тоа парламентот се самораспушти пред две недели, со оглед на претстојните на 5 јуни парламентарни избори, а претседателот на парламентот Трајко Вељановски изјави дека нема никаква шанса повторно да го свика парламентот за да се гласа евентуалниот импичмент на Иванов.
Самиот претседател вчера изјави дека нема намера да ја ревидира својата одлука и дека со неа тој за цел има да се најде некаков излез од острата политичка, економска, социјална и морална криза, која ја потресе Македонија.
Синоќа се одржаа два протести. Едниот беше против одлуката на претседателот Иванов, кој собра 2-3 илјади опозициски поддржувачи. Тие ја нападнаа канцеларијата на претседателот во центарот на градот. Полицијата се обиде да ги запре. Полицискиот кордон во еден момент беше растргнат. Се вмешаа и дополнителни полициски сили и ситуацијата беше ставена под контрола. 12 лица од демонстрантите беа приведени а имаше и повредени. Нанесени се материјални штети на канцеларијата на претседателот и Министерството за правда. Има и повредени полицајци.
Малку понастрана се одржа контрапротест, организиран од приврзаниците на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои ја поздравија одлуката на претседателот. Тие застанаа пред влезот на зградата на парламентот за да го бранат од обиди на опозицијата да влезе внатре и да нанесе евентуална материјална штета.
Значи протестните денови и ноќи во Македонија се враќаат.
И за вечерва во 18 часот се највени нови протести.
Во очекување сме на исходот од средбата на која во 12 ќе се сретнат амбасадорите Бејли и Орав. А во 13.30 часот Специјалнотојавно обвинителство ќе излезе на прес соопштение.
