Економија, финансии, бизнис

Контакт

Протестите во Бугарија продолжуваат

Протестите во Бугарија продолжуваат

Неколку стотици демонстранти се собрале денеска пред бугарскиот Национален дом на културата каде се одржува Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), јави БТА.

Демонстрантите извикувале „Оставка“, „Црвено ѓубре“ и „Мафија“.

Тие со погрдни зборови се обраќаат до новата владина коалиција од социјалистите и партијата на турското малцинство (ДПС).

Протестот е организиран преку социјалните мрежи, од групата „Окупирајте го Националниот дом на културата“. Организаторите протестот го закажаа за 10 часот во сабота, доколку бугарскиот премиер Пламен Орешарски не поднесе оставка до петок вечер.

Причина за протестите беше именувањето на контроверзниот пратеник Делјан Пеевски за шеф на Државна агенција за национална безбедност (ДАНС),но Бугарското Народно собрание ја поништи одлуката во средата.

Но, протестите продолжија и демонстрантие бараат оставка на новата влада, само три недели откако ја презеде власта.

Слично

Поврзани вести