Протестите се шират – Денес на улица покрај Скопје излегуваат и Куманово и Штип
После вчерашната пауза, протестите продолжуваат денеска во 18 од пред СЈО во Скопје.
Синоќа се протестираше во Велес, а денес на улица излегуваат и Куманово и Штип.
Приклучување на протестот најави и здружението „Беса“.
Граѓаните протестираат против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги помилува сите политичари од дела кои се водат или ќе се водат против нив.
На улиците на Скопје се протестираше пет дена континуирано, беше демолирана Народната канцеларија на претседателот, беа приведени 14 лица, од кои само двајца заработија пријави. Се фрлаа јајца, кон канцеларијата на Иванов, со боја се гаѓаше порта „Македонија“, на која се испишаа и некои пароли.
Протестите главно минуваа во мирна атмосфера.
Слично
