Протестите се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец, тврдат од СДСМ
Најавените протести се последен обид на фрустрираниот Мицкоски за спас на партиската функција, реагираат од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ најави протести.
Велат дека Мицкоски кој е поразен од народот, не може да се повикува на народот.
Додаваат дека денес за струјата глуми загриженост оној којшто ја поскапи 100 проценти и ја укина евтината тарифа.
„Протестите што денеска ги најави се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец. Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз“, изјави денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
СДСМ се служи со груби клевети и лаги за да се тргне вниманието од ограбувањето на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тотална Лага е дека Христијан Мицкоски ја покачил цената на струјата за 100 проценти, и поради таквото груба клевета на портпаролката, Богданка Кузеска пратена од Зоран Заев ќе заработи тужба за клевета доколку јавно не се извини“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски за задутре го најави првиот од редицата протести на опозицијата поради поскапувањето на струјата.
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, в среда најави протести пред Регулаторната комисија за енергетика поради поскапувањето на електричната енергија од август.
Тој рече дека незадоволство ќе биде изразено и против задолжувањето и како што вели тој, неможноста на власта да се справи со економските последици од кроона-кризата.Маршот ќе тргне од Министерството за правда во 11 часот, а ќе заврши пред РКЕ, затоа што, како што вели Мицкоски, сметките за поскапа струја не оштетуваат сите.
Струјата неодамна поскапе за 7.5 отсто.
